Home ГОТВАЧ гезме Брза Пица-пита – вкусен и брз појадок

Брза Пица-пита – вкусен и брз појадок

5550
G Natural

Состојки:

  • 1 пакување кори за пита
  • 250 гр тврдо сирење
  • 200 грама шунка
  • 50 гр маринирани шампињони
  • Кечап
  • Оригано
  • Масло
  • Вода

Подготовка:
Исечкајте ја шунката и изрендајте го сирењето. Одвојувајте по 4 кори и секоја премачкајте ја и попрскајте ја со масло и вода.
Корите премачкајте ги со кечап и наросете оригано. Ставете го сирењето, шунката и шампињоните. Свиткајте ги корите како ролат и редете ги во плех за печење.
Пред печење, горните кори премачкајте ги со малку вода и масло.
Печете во загреана рерна на 220 степени.
Добар апетит!

Пица пита