Home ГОТВАЧ Евтино а многу вкусно – Шлаг коцки

Евтино а многу вкусно – Шлаг коцки

3221
G Natural

Состојки:

  • 150 гр путер
  • 125 гр шеќер во прав
  • 1 ванила
  •  3 жолчки
  • 50 гр сецкани бадеми
  • 125 мл слатка павлака
  • готова кора за торта
  •  лажица какао

Подготовка:

Пенесто изматете го путерот. Постепено додавајте го шеќерот и ванилата. Во изедначената смеса додајте ги жолчките една по една, а потоа бадемите и слатката павлака. Готовата кора за торта поделете ја на два дела. Првиот дел ставете го на подлогата и одозгора премачкајте ја со фил. Преку филот ставете ја другата кора па премачкајте со остатокот од филот. Тортата посипете ја со какао.

Добар апетит!

Шлаг коцки