Состојки:
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. мелени бисквити
- 150 гр. мелени ореви
- 50 гр. маргарин
- 1 лажица екстракт од рум
- 2 лажици кокос
- 2 лажици сецкани лешници
- 2 лажици какао
Подготовка:
Во тенџере на оган ставете го шеќерот, маргаринот и 1,5 дл вода, па оставете маргаринот да се растопи и да се соедини со шеќерот. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ги бисквитите, оревите, чоколадата и румот, па промешајте се додека не добиете хомогена смеса и оставете да се излади.
Од масата направете бомбици.
1/3 од бомбиците извалкајте ги во кокос, 1/3 во сецканите лешници и 1/3 во какаото.
Добар апетит!