Home ГОТВАЧ главни јадења Вкусни лазањи со тиквици

Вкусни лазањи со тиквици

3719
G Natural

Состојки:

  • 250 гр готово тесто за лазањи
  • 400 гр свежо сирење
  • 20 гр путер
  • 800 гр тиквици
  • 300 гр домат од конзерва
  • 50 гр пармезан
  • 12 цветови од тиквици
  • Кромид
  • 2 дл слатка павлака
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Измијте ги, исушете ги и исецкајте ги тиквиците на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена , а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во задреана рерна на 180 степени.

Добар апетит!

Лазањи со тиквици