Home ГОТВАЧ Чаеви кои пушачите мораат да ги пијат

Чаеви кои пушачите мораат да ги пијат

4760
G Natural

Без да се задржуваме на штетата од пушењето која на секого му е добро позната, ќе се обидеме да ви помогнеме полесно да се откажете од цигарите и да ги прочистите дишните патишта.
Народната медицина нуди лек за секоја болест, а некои билки помагаат и за полесно откажување од пушењето.

Кантарионот и жен-шенот се чаеви кои треба да ги пиете доколку сакате да се откажете од пушењето. Состојките на овие чаеви ќе ви помогнат да истраете додека се обидувате да престанете со пушење, па дури и предизвикуваат гадење кое ќе го чувствувате по испушената цигара.
За сите оние кои активно пушат или пушеле долго време, се препорачува чај од неколку билки кои ќе ги прочистат дишните патишта. Овој чај е препорачливо да се пие континуирано.
Чај за дишните патишта

  • 100 гр. лопен
  • 100 гр. мајчина душица
  • 100 гр. боквица

Измешајте ги трите билки, потоа земете 2 супени лажици од мешавината и прелијте ги со ½ литар зовриена вода. Оставете во поклопен сад 20 минути, исцедете и пијте по една шолја дневно, половина час по јадење. По желба засладете со мед.
Билките побарајте ги кај продавачите на тревки и чаеви, лопенот и боквицата и нам не ни се многу познати, но овие билки се одамна применети во медицината и се составен дел на многу сирупи наменети за пушачи и за чистење на дишните патишта.
Народната медицина одамна ги препорачува овие билки за лекување на дишните патишта.
Напомена: Трудниците, доилките и болните од рак не смеат да пијат чаеви кои содржат лопен!

Зелен чај