Home СОВЕТИ Не ја фрлајте: Оваа храна можете да ја јадете и кога ќе...

Не ја фрлајте: Оваа храна можете да ја јадете и кога ќе и помине рокот на траење

2692
G Natural

Ако видите дека се ближи рокот на траење за одредени намирници, некои не морате веднаш да ги фрлите.

Овие пет можете да ги изедете и кога ќе им истече датумот, советуваат американските нутриционисти.

Јајца
Јајцата во фрижидер можат да седат и три до четири дена по истекот на датумот за употреба (наведен на пакувањето). Со стареењето јајцето губи на квалитет, па ако ги планирате за некои колачи, подобро немојте. За да видите дали јајцето е свежо, наполнете длабок сад со вода и внимателно ставете ги јајцата. Свежите јајца веднаш потонуваат.


Житарки
На кутијата со житарици за појадок има ознака до кога важат, а се работи за чиста претпоставка на производителот дека тој производ и понатаму ќе има еднаков квалитет до наведениот датум. Житариците ќе бидат свежи и нималку опасни за јадење и три месеци по истекот на рокот за траење.


Јаболки
Јаболките ставете ги во пластична кеса на која ќе дупнете неколку дупки за воздухот да може да циркулира. Држете ги во фрижидер, а јаболките ќе бидат свежи и после три недели.


Салама
Херметички затворената индустриска салама можете да ја чувате и до две недели после рокот на пакувањето.

Салама
Јогурт
Јогуртот кој стои во фрижидер може да се користи без опасност барем уште 7 до 10 дена по истекот на рокот на траење.