Состојки:
За ѕаѕики сосот:
- 450 мл кисело млеко
- ½ краставица
- 2 – 3чешниња лук
- 1 лажичка вински оцет
- малку сок од лимон
- маслиново масло
- сол
- црн пипер
За пилешкото месо:
- 1 парче пилешко бело месо од околу 500 – 600 г
- 2 лажички вински оцет
- 2лажици маслиново масло
- 2 полни лажици кисело млеко
- 1 лажичка оригано
- 4 чешниња лук
- сок од лимон
- сол, црн пипер
- Тортиљи
- сечкан црвен кромид
- домати
Приготвување:
За да го подготвите ѕаѕики сосот, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часа (или ако е можно преку ноќ), за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да ја исцедите вишокот вода. Измешајте го киселото млеко, краставицата, со згмечениот лук и отанатите состојки, да се соединат. Додадете лимунов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.
За да го подготвите пилепкото – пилешкото во еден сад измешајте го згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Измешајте убаво па во ова ставете ги парчињата пилешко да се маринираат околу 1 час. Потоа испечете го пилешкото на скара или пак во рерна. Оставете го готовото месо да се лади 5 минути, па потоа исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид. Сервирајте веднаш.
Добар апетит!