Home ГОТВАЧ главни јадења Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

Само за вистински гурмани – ребра во сладок сос со компири

5536
G Natural

Состојки:

  • 2 кг свински ребра
  • 6 чешниња лук
  • свеж ѓумбир, излупен и сечкан
  • дробени суви лути пиперчиња (по вкус)
  • 6 ѕвездички анасон
  • 6 лажички мед
  • 150 мл соја сос
  • 2 – 3 лажици оцет
  • 200 мл бело вино
  • 6 млади кромидчиња
  • 400 мл вода во која претходно ќе растворите зеленчукова коцка
  • маслиново масло
  • морска сол и бибер по вкус

 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Зачинете ги ребрата со сол и бибер. На среден оган загрејте малку маслиново масло во тава за печење, додадете ги зачинетите ребра и потоа пржете ги 5 – 10 минути или додека не добијат златна боја од сите страни.

Додадете лук, ѓумбир, дробени лути пиперчиња, анасон и мед, и продолжете со пржење се додека медот не почне да се карамелизира. Додадете соја сос, оцет и бело вино, и гответе додека не почне сосот да врие. Оставете да се крчка неколку минути, пробувајќи и прилагодувајќи го вкусот. Потоа додадете го младото кромидче и оставете го сосот да проврие.

Тавата ставете ја во загреана рерна и печете ги ребрата околу 1 час, се додека не стават меки, при тоа вртејќи ги на половина од печењето.

По еден час извадете ја тавата од рерна и повторно ставете ја плочата. Загрејте ја маринадата и оставете да се крчка на плочата од 8 – 10 минути, со цел да добие текстура на леплив сируп. Превртете ги ребрата во сосот, така што целите ќе бидат покриени со него.

hitkujna-rebra1

 

 

Компири:

Потребни ви се околу 1кг млади компири, кои ќе ги исечете на половина. Направете мали жлебови во средината и во нив ставете путер и еден лист жалфија. Печете ги во загреана рерна се додека не бидат готови.

hitkujna-rebra2

hitkujna-rebrasokompiri

Добар апетит!