Home ГОТВАЧ Еве како да си направите домашен сенф

Еве како да си направите домашен сенф

3973
G Natural

Состојки:

1 шолја зрна сенф

2/3 шолја алкохолен оцет

1/3 шолја мед

Подготовка:

Сенфот можете да го најдете мелен, или пак да купите зрна сенф и да ги измелете сами во блендер. Наведените состојки измешајте ги во мала тава и ставете ги на среден оган 5 до 7 минути, при тоа постојано мешајќи, се додека смеса не се згусне.

Тргнете го сенфот од оган и оставете да се олади, а потоа чувајте го во херметички затворена тегла.

Доколку сакате можете да додадете малку бело вино, кое ќе ја намали лутината и ќе го продлабочи вкусот. Можете и да го одберете вашиот омилен зачин и да додадете лажичка до две од него. Што и да правите сенфот може само да стане подобар, па направете го по ваш вкус.

Добар апетит!