Исхраната без глутен е една од најактуелните во светот.
Генерално, ова е тераписка диета, направена за пациентите кај кои е дијагностицирано пореметување на апсорпција на глутен или за луѓе кај кои е забележана нетолеранција на глутен.
Оваа диета се покажа како одлична за прочистување на организмот и кај потполно здравите личности, па дури и овозможува губење на килограми, за 4 дена се губи 1-1,5 кг тежина.
Пред да употребите било кој производ, проверете на етикетата дали во истиот има јачмен или пченица.
Диетата без глутен, строго забранува леб, тестенини и скоро секоја индустриски процесирана храна, затоа што во неа секогаш се пронаоѓа по нешто глутенско.
Од оброците треба да се исклучи конзервираната храна, пецивата, колачите, сладолед, пакуваното месо и пијалоците кои содржат остатоци од зрнасти производи како што се квасец и пиво.
Безглутенската диета дозволува храна припремена од соја, ориз, пченка и леќата (хељдино) брашно.
План за исхрана без глутен
Појадок: 1 варено јајце, 200 гр сирење, 20 гр леб без глутен, 10 гр путер, 200 мл какао или чај со млеко.
Ужина: 200 мл сок.
Ручек: 200 мл рибна супа/чорба со компири и моркови, 100 гр варена риба, 100 гр варени компири со грашок, 100 гр салата од зеленчук со растително масло, 20 гр леб без глутен, 200 мл компот од овошје.
Ужина: 100 гр сирење, 100 гр овошна салата, 50 гр пченкарни стапчиња, 200ml кефир.
Вечера: 1 краставица, 100 гр динстана мисирка, 20 гр леб без глутен, 150 гр варени компири со грашок, 200 мл чај со шеќер без глутен.
Пред спиење: 200 мл јогурт.
Можеби главен недостаток во исхраната е што скоро е невозможно целосно да се избегне глутенот, имајќи го во предвид тоа што е честа состојка во конвенционалната исхрана.
Со овој начин на исхрана или диета, можете да изгубите тежина и да го исчистите телото од токсини.
Исхраната е разновидна, избалансирана и содржи минимум калории и шеќери, па со самото тоа можете лесно да намалите на тежина.