Home ГОТВАЧ Чизкејк од нутела и тоа за само 15 минути (рецепт)

Чизкејк од нутела и тоа за само 15 минути (рецепт)

10724
G Natural

За сите љубители на чоколадото, ова слатко кремасто изненадување едноставно мора да го пробате.

Покрај тоа што оваа торта ќе ја подготвите за рекордно брзо време, нема многу да ве намачи.

Состојки:

  • 250 грама кекс,
  • 100 грама путер,
  • 400 грама нутела (или сличен крем),
  • 500 грама несолено крем сирење,
  • 1/2 шоља шеќер во прав.

Подготовка:
Во огноотпорен сад помешајте путер исецкан на коцки и една јажица нутела. Загрејте ја смесата во микробранова печка само малку колку да се стопи. Кексот измелете го, а потоа смешајте го со мешавината од путер и нутела. Сето добро измешајте со лажица и распоредете ја смесата во округло тавче кое претходно сте го намастиле со путер.

Послужете се со лажица или спатула за фино да ја израмнете кората.

Во посебен сад изматете го крем сирењето, а потоа додадете го и остатокот нутелата. Изматете ја смесата со миксер се додека фино не се соедини. Ставете ја преку кората од кекс, која претходно сте ја ставиле во фрижидер да се стегне, и заедно повторно ставете ја во фрижодер да се олади, а потоа послужете.

Начинот на подготовка погледнете го и во следното видео: