Home ГОТВАЧ Направете си Балерина торта – без мака, со само 5 состојки

Направете си Балерина торта – без мака, со само 5 состојки

4056
G Natural

Состојки:

  • 1 литар слатка павлака
  • 4 кесички шлаг од чоколадо
  • 2 лажици Нутела
  • 3 кесички зацврстувач за шлаг
  • Малку какао

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, а шлагот направете го според упатството на кесичката заедно со зацвсртувачот. Во изматениот шлаг додајте ја нутелата и сето тоа соединете го со мешање.

Спојте ја изматената слатка павлака и кремот од чоколадо, па ставете ја смесата во фрижидер. Земете чинија на која ќе ја служите тортата, и со црпалка ставете една лажица од смесата.

Веднаш ставете ја чинијата во ладилникот пуштен на најјако и оставете да седи 10 минути.

После 10 минути извадете ја чинијата и врз првиот слој, ставете втор, повторно црпнувајќи од смесата со црпалка.

Вратете ја чинијата во ладилникот и повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата, а последниот слој можете да го нанесете со помош на кеса за декорирање за да направите тортата поубаво да изгледа.

Пред служење посипете ја тортата со какао.

Балерина торта

Хиткујна.мк/кафепауза.мк