Состојки:
- 1 кг цвекло
- 1 кг моркови
- 1 кг зелени јаболка
- 0.5 кг мед
Подготовка:
Добро измијте ги сите состојки без да ги лупите.
Отстранете ги дршките од јаболките.
Изрендајте ги состојките и оставете да отстојат 24 часа.
Откако ќе отстојат, добро истискајте ги и прецедете ги со помош на газа за да се добие само течност.
На исцедената течност додадете мед.
Кога медот ќе се стопи и соедини со течноста, напитокот за имунитет е готов.