Home ГОТВАЧ гезме Неодолив вкус – Италијански сендвич со сирење

Неодолив вкус – Италијански сендвич со сирење

3711
G Natural

Состојки:

• 4 мали домати
• 8 парчиња леб
• маслиново масло
• сол, бибер
• оригано
• 200 г кашкавал
• 200 г фета сирење
• 1/4 шолја пармезан
• 8 парчиња мек кашкавал
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Доматите исечете ги на половина и наредете ги во тавче за печење. Посипете ги со маслиново масло и зачинете ги со оригано, сол и бибер. Печете ги додека да омекнат и станат малку набрани.

Потоа, загрејте ја рерната на 250 Целизусови степени. Лепчињата намачкајте ги со маслиново масло и поделете ги во парови. Ставете по две парчиња домати на едната страна на лебот. Врз доматите, ставете малку фета сирење, а врз него две парчиња од мекиот кашкавал. Пред да го затворите сендвичот со второто парче леб, ставете малку рендан кашкавал. Преклопете го сендвичот. Истото направете го со сите парчиња леб.

Сендвичите наредете ги во тавче за печење кое е претходно намачкано со масло. Печете ги сендвичите 15 минути или додека не се растопи кашкавалот. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан пармезан и печете уште малку, додека тој не се растопи.

Овој сендвич може да го направите и во три дела, така што ќе ставите уште едно парче леб во средината на сендвичот

Добар апетит!

Италијански сендвич