Состојки:
- 500 грама сирење ( овчо или кравјо)
- 10 благи печени пиперки
- 1 лута печена пиперка ( по желба )
- 5 чешниња лук
- 1 лажица кајмак
- 1 лажица црвен пипер
- 3 тврдо варени жолчки
- Малку масло за јадење
Подготовка:
Изрендајте го сирењето. Излупете ги печените пиперки и исчистете ги од семките. Со помош на блендер ситно исечкајте ги. Лукот и жолчките испасирајте ги.
Сите намирници убаво измешајте ги и додадете малку масло за јадење.
Формирајте топчиња од смесата и топчињата оставете ги во фрижидер барем 2 часа пред да ги сервирате.
Добар апетит !