Home ГОТВАЧ здрава храна Здрава храна која може да предизвика здравствени проблеми

Здрава храна која може да предизвика здравствени проблеми

2041
SHARE

Постојат многу производи кои можат да го подобрат здравјето, но постојат и здрави намирници кои можат да предизвикаат одредени здравствени проблеми.

1. Компир – Иако секогаш не се вбројувал во здрава храна, компирот е всушност многу здрав.

Тој содржи над 20 отсто дневна вредност на витамините Ц, Б6 и калиум.

Меѓутоа, некои луѓе се чувствителни на зеленчук во кој се вбројува и компирот и кој содржи алкалоиди кои можат да влијаат на мускулите и нервните функции.

2. Брокула – Таа е многу здрава и може да штити од рак.

За повеќето луѓе, брокулата е одличен извор на витамините Ц и К, но лицата со тероидни проблеми треба да бидат внимателни кога го јадат овој зеленчук, бидејќи може да предизвика зголемување на штитната жлезда.

3. Банани – Тие се голем извор на калиум и витамин Б6, но некои луѓе се алергични на нив.

Симптоми на алергиската реакција се губење здив, пецкање во устата и оток на грлото.

4. Спанаќ – Тој е богат со витамините К, А, железо и протеини.

За жал спанаќот содржи и оксалати, кои се штетни за луѓето кои имаат болни бубрези.

5. Пилешко – Одличен извор на протеини и витаминот Б13, меѓутоа луѓето кои страдаат од гихт треба да го ограничат конзумирањето на ова и останатите меса, бидејќи содржи високо ниво на пурин.

МИА