Home ГОТВАЧ бабини рецепти Вратете се во детството – направете си шеќерни јаболка

Вратете се во детството – направете си шеќерни јаболка

3114
G Natural

Во последно време ретко има места каде може да се најде овој дамнешен деликатес кој сите сме го обожавале чекајќи ги панаѓурите и тезгаџиите.

А еве и како можете да ги направите!

Состојки:

  • 10 многу ситни јаболка
  • 500 гр шеќер
  • 110 мл вода
  • 1 лажиче оцет
  • 2 лажици мед
  • црвена прехрамбена боја
  • 10 дрвени стапчиња за ражничи

Подготовка:
1. Најпрво убаво измијте ги јаболчињата и добро избришете ги со мека крпа.
2. Извадете им ги рачките и на тоа место забодете им по едно дрвено стапче усмерено со остриот крај кон јаболкото.
3. Потоа, ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки.
4. Варете одприлика 10-15 минути.
5. За да утврдите дали е готово, најсигурен метод е кога со лажичето капнете од смесата во ладна вода или директно го ставите лажичето под ладен млаз , по што треба веднаш да се карамелизира и да не е меко. Тоа ви е потврден знак дека е готово.
6. Во така жешкиот сируп ставете ги јаболката и внимавајте да е добро нанесен од сите страни, а потоа маклу протресете да паднe вишокот.
7. На крај, оставете ги врз метален сад (чинија или тава) кој предходно е благо намастен за да се сушат.

Совет : Работете брзо. Целата постапка нека се одвива околу 5 минути максимално.