Home ГОТВАЧ главни јадења Брз и вкусен рецепт – Пилешко во сос од домати

Брз и вкусен рецепт – Пилешко во сос од домати

10572
G Natural

Состојки:

  • 600гр пилешки стек
  • 1 главица кромид
  • Сол
  • Бибер
  • Вегета
  • Малку магдонос
  • 250 мл сос од домати
  • 4 лажици лут сос ( оваа состојка не е задолжителна)

Подготовка:

На кругови исечканиот кромид пропржете го па додадете го ситно сечканото месо. Додадете ги зачините и промешајте.

Полејте со малку вода и динстајте на тивок оган.

Кога течноста ќе испари, додадете го сосот од домати, лутиот сос и магдоносот.

Доколку е прегусто, додадете 4-5 лажици вода.

Промешајте, прокрчкајте уште кратко на оган и тргнете го јадењето од рерна.

Сервирајте со тестенина, компир или ориз.

Добар апетит!

Пилешко во сос од патлиџан