Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Вкусно – Француски солени тортички

Вкусно – Француски солени тортички

4793
G Natural

Состојки:

  • 150 г маргарин
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 250 г брашно
  •  700 г праз
  • 2 лажици путер
  • 4 лажици бело вино
  • сол
  •  бибер
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 г кисела павлака
  •  3 јајца
  • 1 лажичка ситно сечкан босилек
  • 3 лажици бадеми
  • 80 г рендан кашкавал

Подготовка:

Замесете ги маргаринот, брашното и прашокот за печиво со 3 лажици ладна вода. Формирајте топка, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои 30-тина минути во фрижидер. Исечкајте го празот и пропржете го во загреаниот путер. Прелијте го со виното, па зачинете го со сол и бибер. Расучете го тестото во кора и со него обложете 6 кошнички со пречник од 10 сантиметри. Распоредете го празот врз тестото. Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги јајцата, слатката и киселата павлака, па смесата прелијте ја врз празот. Сето тоа посипете го со босилекот, ситно сечканите бадеми и со ренданиот кашкавал. Печете ги тортичките околу 25 минути.

Добар апетит!

Солени тортици