Home ГОТВАЧ главни јадења Идеја за ручек – Боранија со говедско месо

Идеја за ручек – Боранија со говедско месо

9488
G Natural

Состојки:

  • 1.500 г говедско месо
  • 1 комплет зеленчук за супа
  • 500 г боранија
  • 500 г компири
  • 1 китка магдонос
  • сол
  • бибер

Подготовка:
Говедското месо ставете го во еден литар ладна вода и варете го. По половина час, во него ставете го зеленчукот за супа, исчистен и исечен на коцкички, па сето тоа зачинете го со сол и бибер. Месото и зеленчукот варете ги еден час. Потоа, во нив ставете ја боранијата, исчистена, измиена и исечена на парчиња, како и излупените и крупно исечени компири, па продолжете со варењето. Откако сето тоа ќе се свари, говедското месо исечете го на коцки и повторно ставете го во тенџерето. На крај додадете го ситно сечканиот магдонос.
Добар апетит!

Боранија