Home СОВЕТИ Трикови од кујната – наједноставните решенија се најдобри

Трикови од кујната – наједноставните решенија се најдобри

1152
0
SHARE

Како да го исчистиме загорениот сад?

Дури и најквалитетните садови за готвење може да загорат . Нема да ви успее да ги отстраните дамките со сјај и сунгер. Затоа, садот првин испрскајте го со средство за чистење на рерни и оставете да отстои неколку часа.

Како да ги отстраните дамките од даска за сечење?

Намачкајте ја даската со лимон. Доколку има потврдокорни дамки, тогаш даската премaчкајте со некое абразивно средство и исчистете ја со помош на рапавата страна од сунѓерот. Ако и тоа не успее, тогаш постои уште еден начин — шмиргла.

Како кристализиран мед да го вратите во првобитна течна состојба?

Доволно е теглата мед да ја ставите во сад со топла вода околу 15 минути. Внимавајте температурата на водата да не биде над 40 степени, зошто медот ќе загуби некои од своите основни својства.

Како да излупите полузатворен ф’стак?

Земете лушпа од излупен ф’стак и обидете се да ја пикнете во најмалото дупче на другиот ф’стак. Потоа завртете ја лушпата како клуч и ф’стакот ќе се отвори.

Како да го спасите презреаното овошје?

Најдобро е кога ќе почне да ја губи бојата, да го излупите, исечете на парчиња и потоа да го ставите во ќесички за замрзнување. Ставете го во замрзнувач и уживајте во него кога ќе посакате.

Кујна

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here