Home СОВЕТИ Тридневна диета со туна

Тридневна диета со туна

5010
G Natural

Доколку сте решиле да изгубите неколку килограми вишок кои се наталожиле за време на зимата, пробајте ја тридневната диета со туна со која дневното внесување на калории е ограничено на 1.200.

Оваа риба содржи многу малку масти и е богата со витамин Д и омега 3 масни киселини, па е добар чувар на срцето.

Оваа диета се држи три дена, а потоа четири дена нормално јадете.

Секој ден порција туна е задолжителна, а дозволено ви е да пиете чај, црно кафе и вода.

Луѓето кои ја практикуваат оваа диета велат дека со неа можете да изгубите до пет килограми. Внесувањето на многу малку калории значи дека ќе изгубите малку масти, но губењето на тежината веројатно ќе дојде пред се поради исфлање на течностите, затоа што исхраната подразбира многу малку јаглехидрати, кои му помагаат на телото да ја задржи течноста.

Не постојат докази дека оваа диета го намалува холестеролот и го чисти телото.

За време на диетата треба да се придржувате до режимот на исхрана и да пиете најмалку 2,5 литри вода секој ден.

За диетата, освен свежа и смрзната туна, може да се користи и туна од конзерва. Мерка од половина шоља одговара на половина класична конзерва со тежина од 180 до 200 грама. Користете конзерва со туна во парчиња, а не ситно сецкана и добро исцедете го маслото.

План за исхрана за време на тридневната туна диета:

Прв ден:

Појадок: Шоља црн чај или кафе, половина грејпфрут или овошен сок, тост намачкан со путер од кикирики (или сусам).

Ручек: 100-150 грама туна во салата со рукола, парчиња помала краставица, чери домати и (по желба) лажица варена пченка, шоља црн чај или кафе.

Вечера: 100 грама готвено говедско месо, 200 грама динстана боранија, 200 грама рендан морков со неколку капки лимон, помала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), едно средно јаболко, шоља црно кафе или вода.

Втор ден:

Појадок: Шоља црн чај или кафе, едно варено јајце, тост, банана.

Ручек: 200 грама туна, 5 крекери, шоља кафе, чај или вода.

Вечера: 200 грама пилешки прсти на скара, 100 грама варен морков, 200 грама варена брокула, банана, чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), шоља црно кафе или чај.

Трет ден:

Појадок: Шоља црн чај или кафе, 5 крекери, 30 грама сирење, јаболко со средна големина.

Ручек: едно варено јајце, тост, шоља црно кафе или чај.

Вечера: 200 грама туна, 100 грама варен морков, 100 грама варен карфиол, круша – средна големина, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), шоља црн чај или кафе.

Туна