Home ГОТВАЧ бабини рецепти Тавче – гравче на стар скопски начин

Тавче – гравче на стар скопски начин

12403
G Natural

Состојки:

  • 350 грама грав
  • 3 суви црвени везени пиперки
  • 1 свеж патлиџан (може замена сушен црвен патлиџан)
  • 3 парчиња кромид
  • 6 чешниња лук
  • Масло за јадење
  • 1 лажица суво нане
  • Мелен црвен пипер
  • Сол

Подготовка:
Гравот се кисне во топла вода околу 2 часа и потоа се вари на тивок оган.

Варениот грав се префрла во земјена тава каде се дотура нане, сол и потоа се посипува со запршката подготвена со 1 кромид, масло и мелен црвен пипер.

Целата смеса се меша со лажица. Потоа одозгора се редат двата кромида пресечени на половина во форма на круг.

Исто така и патлиџанот се сече на половина, чешнињата лук и пиперките се ставаат цели.

Малку сол се посипува и врз самиот зеленчук.

Се подготвува уште една запршка само со масло и црвен пипер и врела се прелива со лажица врз сите парчиња од зеленчукот.

Се пече на 250 степени околу 1 час.
Добар апетит!

Тавче-гравче