Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Сунѓер торта

Сунѓер торта

6388
G Natural

Состојки:

  • 200 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 јајца
  • 200 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • изрендана кора од лимон
  • сок од еден лимон
  • 350 гр хопла со шеќер
  • џем од малини или јагоди
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Маргаринот пенесто се мати со двата вида на шеќер, изренданата кора и сокот од лимонот. Во еден сад со вилушка се матат јајцата и постепено се додаваат на изматениот маргарин. Се меша со миксер додека не се добие мазна крема.
Во еден сад се мешаат брашното и прашокот за пециво и постепено се додаваат во смесата од јајца и маргарин.
Калап за торта се премачкува со маргарин  и во него се става тестото. Тестото треба да биде високо.
Се пече во рерна загреана на 180°С околу 30 минути (со чачкалица се проверува дали е печено).
Печеното тесто се остава да се излади и потоа се сече хоризонтално на 2 дела. Едната кора се мачка со подебел слој од џем или слатко од јагоди или малини. Врз џемот се става цврсто изматената хопла и се поклопува со втората кора. Врз втората кора се посипува шеќер во прав. Може и да се украси со свежо овошје.

Сунѓер торта