Home ГОТВАЧ гезме Вкусно макало од авокадо

Вкусно макало од авокадо

4303
G Natural

Состојки:

  • 3 парчиња авокадо, средна големина
  • 1/2 главица црвен кромид
  • 2 лажици лимонов сок
  • 1/2 лажичка табаско сос (лут сос од пиперчиња)
  • сол и бибер
  • свежи ливчиња од кориандер

Подготовка:

Излупете го авокадото и со вилушка испасирајте го во една чинија, додека да добиете кремаста смеса како пире. Потоа префрлете ја смесата во блендер и измешајте ја кратко време со сецкан кромид, лимонов сок и табаско сос. Зачинете со сол и бибер по вкус. Декорирајте го макалото со ливчиња кориандер. Послужете го со тортиља чипс.

Авокадо