Home ГОТВАЧ Сендвичи од пудинг

Сендвичи од пудинг

3016
G Natural

Бисквит:

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 4 лажици топла вода
  • Половина прашок за печиво
  • 1 лажица какао

Фил:

  • 1 пудинг од ванила
  • 200 мл млеко
  • Шеќер
  • 100 грама путер

Глазура:

  • 3 лажици масло
  • 100 грама чоколадо

Подготовка:
1. Изматете ги јајцата, шеќерот и водата. Додадете брашно и прашок за печиво. Обложете го садот за печење со хартија и ставете го подготвеното тесто.
Печете на 180 степени додека тестото да добие фина боја.
Извадете го печениот бисквит од садот, отстренете ја хартијата и остевете го целосно да се олади.
2. Сварете го пудингот и откако ќе се олади, измешајте го со путерот.
3. Од изладениот бисквит, со помош на мала чаша извадете кругови.
4. Спојувајте по две бисквити со пудинг и намачкајте одоколу.
5. Стопете ја чоколадата со малку масло и на врвот премачкајте ги сендвичите.
Добар апетит!

Сендвичи од пудинг