Home ГОТВАЧ главни јадења Предлог за ручек: Поховано пилешко со кашкавал

Предлог за ручек: Поховано пилешко со кашкавал

9329
SHARE

Состојки:

– 600 гр. пилешко бело месо, прстофат лук во прав, 1 лажица сецкан босилек, 1 лажица сецкан магдонос, 150 гр. кечап, 3 јајца, 1 лимон, 100 гр. кашкавал, 180 гр. презли, 150 гр. брашно, 500 гр. компири, мешавина зачини, оригано, масло.

Подготовка:

 

1. Пилешкото исечете го како шницли, истенчете ги со чекан за месо и зачинете ги по вкус.

2. Посебно соединетете ги презлите, лукот во прав, магдоносот и босилекот.

3. Пилешките шницли извалкајте ги во брашно, потоа во изматените јајца и на крајот во смесата од презли. Пржете ги на жешко масло од двете страни додека не поруменат.

4. Пржените шницли попрскајте ги со сок од лимон.

5. Кечапот помешајте го со малку оригано и премачкајте ги шницлите. Потоа шницлите прекријте ги со листови кашкавал и кратко запечете ги во рерна колку кашкавалот да се стопи.

6. Компирот исчистете го и исечете го на стапчиња, па испржете го на жешко масло и послужете го како прилог.

 

пилешко месо