Home ГОТВАЧ гезме Мелем за душа – домашен бурек со месо

Мелем за душа – домашен бурек со месо

9548
G Natural

Состојки:

500 г. Брашно
260 мл. млака вода
15 г. сол
1 лажица масло
За фил:
2-3 лажици масло
1 главица кромид ситно исецкан
500 гр. Јагнешко
пола лажичка сол
пола лажичка мелен бибер
120 мл. масло

Подготовка:

Измесете тесто од 500 г. брашно, вода и сол. Месете, а потоа обликувајте 8 топчиња. Секое точе нека тежи 100 грама.
Во сад сипете 120 мл. масло и во него ставете ги топчињата и оставете ги да отстојат во маслото 30 минути до 1 час во ладилник. Ако ги оставите преку целата ноќ уште подобро, со тоа што пред развивање мора да отстојат 20 минути на собна температура.
Филот правете го така што на загреано масло (1-2 лажици) ќе го испржите кромидот додека да стане стакленикав, потоа додадете го меленото месо, промешајте, додадете сол и бибер, па динстајте додека месото не добие боја.
Тргнете од оган и оладете.
На памучна крпа сипете малку брашно и на него ставете ги топчињата. Тегнете прво со рацете а потоа со сукало до посакуваната големина. Колку потенко – толку подобро. Посипете го тестото со брашно за да не се лепи.
Потоа, тестото филувајте го со месо и ролајте. Вака подготвен бурекот ставете го во добро подмачкана тепсија. Секој бурек дополнително измастете го. Ставете во рерна претходно загреана на 190 – 200 степени.
Бурекот се пече 30 минути додека не зарумени.

Добар апетит!