Home СОВЕТИ Почнете со диета денес, а задутре имајте минус 4 килограми

Почнете со диета денес, а задутре имајте минус 4 килограми

1172
0
SHARE

Оваа диета можете да ја повторувате колку пати сакате, но таа подразбира да се откажете од лебот, алкохолот и соковите.

Се препорачува да пиете најмалку 6 чаши вода дневно.

Позната е како тридневна диета бидејќи за тоа време се губат до 4 килограми.

Комбинацијата на намирници е добро осмислена за да го забрза метаболизмот и да ги разгради мастите во телото.

Прочитајте како да ја применувате оваа брза диета.

Салата диета

Прв ден

Појадок

Црно кафе или чај, половина цитрон или сок од цитрон, еден двопек со една голема лажица путер од кикиритки.

Ручек

Половина чаша туна (маслото исцедено), еден двопек, црно кафе или чај, вода.

Вечера

Околу 100 грама какво било немрсно месо, 1 чаша боранија, 1 чаша моркови, 1 чаша сладолед од ванила, 1 средно јаболко, црно кафе, чај или вода.

Салата диета

Втор ден

Појадок

Црно кафе или чај, едно јајце, подготвено на кој било начин, еден двопек, една банана.

Ручек

1 чаша кашкавал или туна, 5 солени крекери, црно кафе или чај или вода.

Вечера

2 виршли, половина чаша моркови, 1 чаша брокула или зелка, 1 банана, половина чаша сладолед од ванила, црно кафе или чај, вода.

диета

Трет ден

Појадок

Црно кафе или чај, 5 солени крекери, 1 парче кашкавал, 1 јаболко

Ручек

1 тврдо варено јајце, 1 двопек, црно кафе или чај, вода

Вечера

1 чаша туна, 1 чаша моркови, 1 чаша карфиол, 1 чаша диња, половина чаша сладолед од ванила, црно кафе или чај, вода.
Салата диета

НАПОМЕНА:

Треба да напоменеме дека оваа диета, не е здрава и луѓето со придржување кон овој режим на исхрана чувствуваат вртоглавица и ја губат концентрацијата.

Бидете свесн дека оваа диета е само привремена диета како и поголемиот дел од нив.

 диета