Home ГОТВАЧ Овој хамбургер е „срцев удар во чинија“

Овој хамбургер е „срцев удар во чинија“

3900
G Natural

Со речиси две илјади калории, преполн со масти, шеќер и сол, овој хамбурегер е вистински „срцев удар во чинија“.

Хамбургерот во крофни може да се најде во продавниците на синџирот за брза храна „Hangry horsе“ и се состои од две говедски плескавици, топено сирење, четири парчиња сланина, сос за скара и две крофни со глазура.

Ова е дефинитивно еден од најнездравите оброци.

Количината од 1996 калории е 98 проценти препорачана дневна доза калории за жени. Во овој хамбургер исто така се наоѓаат 53 грама заситени масти, што е повеќе од 20 грама за жени и 30 за мажи колку што е дозволено да се внесе во текот на денот.

Хамбургер

Освен тоа, хамбургерот содржи и 8.2 грама сол, додека на возрасните им е дозволено да внесат до шест грама. За согорување на еден хамбурегер, потребно е да се трча три часа без прекин.

Ако купувачот бара освен тоа да јаде и помфрит или торта од сирење за десерт, тој внесува неверојатни 3287 калории.

Нутриционистите остро ја критикуваат одлуката на овој синџир за брза храна да нуди нешто толку нездраво, особено сега кога во Амрика овие ресторани се обидуваат на направат свои поздрави производи, затоа што бројот на дебели луѓе достигна застрашувачка бројка.

Хамбургер

Нутриционистите предупредуваат дека не би требало да се дава на деца да јадат вакви работи, затоа што ќе придонесе за ширење на „епидемијата“ на дебелината.

Ваквата исхрана кај децата доведува до зголемување на крвниот притисок, зголемена можност за добивање срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Хамбургер