Home ГОТВАЧ гезме Вкусно – Запечени јуфки со кисела зелка

Вкусно – Запечени јуфки со кисела зелка

3670
G Natural

Состојки:

  • 300 гр јуфки
  • 500 гр кисела зелка, исечкана на парчиња
  • 1 главица кромид
  • 3 лажички шеќер
  • 4 лажици вода
  • парчиња сланина, по желба
  • 200 гр кашкавал
  • сол и бибер

Подготовка:
– Во тавче за пржење ставете масло да се загрее. На загреаното масло ставете го исечканиот кромид и ставете го шеќерот. Пржете додека да се карамелизира.

– Кога ќе се карамелизира ставете малку вода, ставете ја зелката и динстајте околу 15 минути.

– Сварените тестенини исцедете ги. Зачинете со сол и бибер.

– Направете прелив од две јајца, млеко и павлака.

– По желба, ставете и малку ситно сечкан магдонос.

– Земете едно тавче за печење и намачкајте го со масло за јадење. Најдолу ставете 100 гр рендан кашкавал, врз него ставете ја зелката, па тестенините. Прелијте со преливот и најгоре ставете ги останатите 100 гр рендан кашкавал.

– Тавчето покријте го со алуминиумска фолија и ставете го во рерна претходно загреана на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– По 30 минути, извадете ја фолијата и продолжете да печете уште дополнителни 15 минути.

Запечени јуфки со кисела зелка (рецепт)