Home ГОТВАЧ Неодоливо вкусно – брза торта од палачинки

Неодоливо вкусно – брза торта од палачинки

4051
G Natural

Состојки:

  • класично тесто за 20 палачинки

за кремот:

  • 2 чаши млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 6 жолчки
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/3 чаша густин
  • 4 лажици путер

Подготовка:
– Испечете ги палачинките, малку подебели од вообичаено. Оставете ги на страна да се изладат убаво. Во меѓувреме подгответе го кремот.

– Сварете го млекото и тргнете го на страна. Додадете го екстрактот од ванила и оставете го да стои 10 минути.

– Во друг сад изматете ги жолчките, шеќерот и густинот и полека додавајте го млекото со постојано матење со рачна маталка. Кога смесата убаво ќе се измати, вратете го садот на рингла, повторно да проврие кремот со постојано мешање. Кремот ќе се згусне за 1 до 2 минути. Тргнете го на страна и веднаш додадете го путерот и измешајте. Кремот пресипете го во плиток сад за да се излади побрзо, прво на собна температура, а потоа во ладилник.

– Во ладниот крем додадете ја изматената слатка павлака. Матете со миксер додека не добиете хомогена смеса.

– Сега почнете со редење на тортата. Ставете една палачинка на чинија за послужување и премачкајте ја со тенок слој од кремот. Истата постапка повторете ја со сите 20 палачинки.

Неодолива торта од палачинки