Доколку имате обичај да јадете подоцна во текот на денот или во вечерните часови, многу веројатно е дека ќе се здебелите.
Освен тоа, доцното „грицкање“ може да предизвика и проблеми со спиењето.
За да го избегнете ова, одбегнувајте да ги јадете и пиете овие работи.
1. Кафе
Кафето, сите знаат, содржи кофеин, па пожелно е да се избегнува пред крај на денот, посебно ако имате проблеми со несоница.
2. Цитруси
Цитрусите содржат многу киселини. Сокот од портокал или зелено јаболко е најлошиот избор.
3. Сирење
Сирењето е многу масна намирница, па добро е да ја избегнувате во вечерните часови. Ако баш не можете да му одолеете, одберете тврдо сирење, на пример пармезан, наместо меко сирење како фета и моцарела.
4. Сода
Содата содржи доста киселини кои ќе ве мачат во текот на ноќта.
5. Орешести плодови
Овие плодови се многу здрави, но и многу масни. Избегнувајте навечер да јадете индиски оревчиња, ореви, кикрики. Многу подобар избор за грицкање се фстаците и бадемите.
6. Чоколадо
Некои видови на чоколадо можат да ги „отпуштат вентилите“, па храната нема да се задржува каде што би треба, а содржи кофеин.
7. Алкохол
Алкохолот ги опушта деловите од телото кои го поврзува хранопроводот со желудникот, па храната тешко се задржува онаму каде би требало. Затоа добра идеја е да се избегнува конзумација на алкохол навечер, посебно пред спиење.