За овој напиток велат дека магично ги чисти килограмите, а и дека потоа тие не се враќаат.
Потребни состојки:
7 чаши филтрирана вода, 1 чаша незасладен, чист сок од брусница
Зачини: ½ лажичка цимет, половина лажица мелен ѓумбир и оревче
¾ шоља свежо исцеден сок од портокал (3 портокали), ¼ чаша свеж исцеден лимонов сок (1 до 2 лимони).
Подготовка:
Ставете ја водата на шпорет и кога ќе проврие додајте го сокот од брусница. Намалете ја температурата на најниско, додајте цимет, ѓумбир и оревче, промешајте и оставете да се крчка 20 минути.
Кога ќе се олади, додајте ги соковите од лимон и портокал. По желба можете да додадете и коцки лед непосредно пред да го испиете.
Уживајте.