Home ГОТВАЧ Ова е најбрзиот начин за подготовка на панцероти

Ова е најбрзиот начин за подготовка на панцероти

11162
G Natural

Состојки:

• 500 гр брашно

• 1 кесичка сув квасец

• 1 лажичка сол

• 1 кесичка прашок за пециво

• 200 мл јогурт

• 200 мл топла вода

• 250 гр рендан кашкавал

• 200 гр рендана шунка

• 200 гр печурки (свежи или маринирани, од тегла)

• кечап

• масло за пржење

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното и додадете му ги сите други суви состојки (сол, пециво, квасец). Ставете го целиот јогурт и полека додавајте вода, мешајќи со миксер додека да добиете тврдо тесто и тоа да може да се обликува во топка. Тестото покријте го со влажна крпа и оставете го 15 минути да отстои.

Од тестото одвојувајте мали топчиња и со сукало сукајте ги во тркалезен облик. На едната половина од тестото ставете кечап, кашкавал, печурки и шунка и преклопете го филот со другата половина од тестото.
Со вилушка притиснете ги краевите за да не истече филот (а и воедно да им направите мала декорација на панцеротите). Пржете ги во многу врело масло додека да добијат убава златно-кафена боја.
Ако ви останат, слободно можете да ги замрзнете.
Добар апетит!

Панцерота