Home ГОТВАЧ здрава храна Намирници кои најмногу ве дебелеат

Намирници кои најмногу ве дебелеат

4291
SHARE

Погледнете го списокот на намирници кои „тајно“ ве дебелеат и покрај тоа што имаат мала или речиси никаква нутритивна вредност.

Кафе со шеќер, шлаг и чоколадо

Кафето со разни слатки додатоци содржи 400 калории, односно еднакво со еден оброк или десерт.

Исто така може да содржи и од 60 до 80 грама јагленхидрати т.е. еднакво со голема порција тестенини.

Овошен јогурт

Една порција овошен јогурт во себе содржи до 30 грама јагленхидрати.

Многу поздрава варијанта е сами да направите овошен јогурт. Во обичен јогурт ставете парчиња овошје по ваш избор.

Овошен шејк

Ако сакате да пиете овошен шејк, тогаш конзумирајте 2 децилитри бидејќи во оваа количина има 20 грама јаглехидрати.

Во 5 децилитри од овој напиток може да има и до 75 грама јаглехидрати и 65 грама шеќер.

Крекери со сирење

Не содржат голема количина на јаглехидрати, но се многу лоши бидејќи немаат ни една друга хранлива материја.

Тие се полни со адитиви, хемикалии и вештачки бои.

Мафини

Овој десерт може да содржи и до 64 грама јагленхидрати и повеќе од 30 грама шеќер.

Ако се направени од преработено брашно, шеќер и маргарин не се разликуваат од едно парче торта. Поради тоа најпаметно е да јадете мали мафини кои во себе содржат 50 грама јагленхидрати.