Home ГОТВАЧ гезме Мексикански плескавици

Мексикански плескавици

3941
G Natural

Состојки:

  • 500 г мешано мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 70 г рендан кашкавал
  • 150 мл кечап
  • 30 г тортиља чипс
  • 1 лажица сенф
  • 1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен
  • бибер

Подготовка:
Измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот и биберот.
Смесата добро измесете ја и од неа направете четири плескавици. Печете ги плескавиците од секоја страна на скара 10-12 минути.
Сервирајте ги, по желба, со тортиља чипс и со кечап.

Добар апетит!

Мексиканска плескавица