Состојки:
- 350 г мелено телешко месо
- 2 шолји зелени и црвени бабури, сечкани
- 2 шолји салца
- 1/4 шолја свеж коријандер, сечкан
- 4 шолји марула, сечкана
- 2 домати, сечкани
- 1 шолја чедар кашкавал, рендан
- 1 шолја тортиља чипсови, кршени
- 1/4 шолја млад кромид, сечкан
Подготовка:
На тефлонска тава, на среден оган, пропржете го месото со бабурите. Потоа додадете салца, и мешајте додека не почне да врие. На крај додадете го коријандерот.
На четири чинии ставете од марулата, а врз неа ставете од месото. Додадете ги доматите, чедарот, тортиља чипсовите и кромидот.