Home СОВЕТИ Која храна треба да ја избегнувате пред спиење?

Која храна треба да ја избегнувате пред спиење?

1965
G Natural

Недостатокот на сон лошо влијае на вашето здравје, а ненаспаноста поради лошиот избор на намирници навистина не ни е потребна.

Додека од некоја храна ни се спие, од другата, која најчесто е масна храна, кај вас може да предизвика несоница.

Црвено месо
Откако ќе изедат порција црвено месо многумина мораат да го откопчаат копчето на панталоните. Но, проблемот не е само во големите порции и здебелувањето. Црвеното месо е преполно со протеини и маснотии поради што органите за варење ќе мораат напорно да работат цела вечер. За да дојдете во состојба на длабок сон, сите телесни системи би требало да работат без оптеретување, а месото е најтешко за варење. Сепак, не се откаќувајте целосно од црвеното месо затоа што тоа е богато со железо и триптофан. Само немојте да го јадете непосредно пред спиење.

Алкохол
Општоприфатена е заблудата дека алкохолот поттикнува на спиење. Вистина, алкохолот може да ве успие, но тој не доведува до долготраен и освежителен сон. Алкохолот го ремети ритамот на спиењето затоа што предизвикува плитки фази на сон од кои нема многу корист. Освен тоа, поради алкохолот веројатно ќе се будите неколку пати во текот на ноќта. Најлошо од се е што постојат такви кои алкохолот го користат како некој вид на „таблета за спиење“ па стануваат и зависни од истиот.

Темна чоколада
Ако ви треба длабок и мирен сон, темното чоколадо не е храна која треба да ја конзумирате пред спиење. Таа, баш како и секој вид на чоколадо, содржи кофеин и стимуланси како што е теобромин, кои прават срцето да чука забрзано. Ако баш морате да изедете нешто слатко пред спиење, подобро земете коцка бела чоколада.

Лук
Ако не спиете сами, белиот лук пред спиење би требало да го избегнувате и заради обзир кон вашиот брачен другар. Но, лошиот здив не е единствениот проблем. Лукот може да предизвика ждригање или некој друг вид на желудочен проблем. Затоа, ако имате осетлив желудник, избегнувајте го лукот.

Житни снегулки
Житните снегулки се полни со рафиниран шеќер и други јагленохидрати. Поради нив, шеќерите во крвта нагло растат, а тоа не е идеалниот начин да се подготвите за спиење. Ако морате нешто да изедете, земете житарки со полни зрна без додаток на шеќер.

Колачиња
Еден од наједноставниот и најлошиоот начин за прекинување на длабокиот сон се кошмарите. Неодамнешна студија покажа дека 7 од 10 особи кои јадат брза храна како чоколадца и други благи работи пред спиење се склони на кошмари. Се претпоставува дека големата количина на шеќер во крвта создава мозочни бранови поради кои сме склони кон кошмари.

Пица
Масната и солена храна ќе го вработи желудникот цела ноќ. Сосот од домат е прилочно кисел, а заедно со масното месо и сирењето не се добра комбинација за пред спиење. Ако не сакате да се разбудите среде ноќ, не претерувајте со јадење пица навечер.

Тестенини
Тестенините брзо ќе ве заситат, но ако ги јадете пред спиење, сето тоа ќе ви се претвори во сало. Маслото, сирењето и сосот се само дополнително оптеретување. Поголемиот дел од тестенините имаат висок гликемиски индекс, па тоа ќе предизвика и зголемување на шеќерот во крвта. Тоа ќе предизвика потешко да заспиете и почесто да се будите во текот на ноќта.

Сладолед
Сладоледот е полн со масти и шеќери – ќе добиете енергетска инекција токму кога се подготвувате за спиење. Затоа што таа енергија нема каде да се потроши, истата ќе се претвори во сало. Освен тоа, на квалитетот на сонот, сладолетот има влијание како и останатите благи работи, па така и во овој случај можни се кошмари.

Целер
Може ќе се збуните што здрава намирница како целерот се наоѓа на оваа листа. Целерот е природен диуретик, па поради него често во ноќта ќе треба да одите во тоалет.

Избегнувајте го ова пред спиење