Home ГОТВАЧ Откриен првиот рецепт за кечап

Откриен првиот рецепт за кечап

3291
G Natural

Скоро секој човек на светов сака кечап.

Но, дали ја знаете историјата за овој сос ?

Поголем број луѓе го конзумираат оригиналниот рецепт за кечап кој во себе содржи домат, оцет, пченка, сол и зачин.

Но, пред кечапот постоел “katchop”. Овој кинесни сос, од кој е настанат денешниот кечап, не бил ништо друго освен солена вода во која со денови стоеле морски плодови.

Мешавината од морски плодови стоела во вода, оцет и зачин. Кога британските истражувачи прв пат се сретнале со овој сос во Сингапур пред одприлика 300 години, го земале со себе назад во Европа.

Многу наскоро е направен рецепт за кечап, кој се состоел од оцет, рен, аншоа и уште неколку зачини.

Пронајден е и првиот напишан рецепт за кечап, во готвачот „Complete Housewife“ од 1727 година.

Но, првиот кечап подготвен од домат почнал да се користи дури во 1820 година.

Кечап