Home СОВЕТИ Доматниот сос влијае добро на здравјето

Доматниот сос влијае добро на здравјето

1687
G Natural

Поради своите хранливи и енергетски состојки, но и одличниот вкус, доматот е речиси секојдневно присутен на трпезите.

Истражувачите од Универзитетот во Верона го истражиле ова растение и откриле интересни факти.

Во истражувањето учествувале 20 луѓе. Половината од нив ги добиле своите оброци со доматен сос, а другата половина без сос.

Врз основа на резултатот, научниците заклучиле дека доколку дневно се внесат само 80 грама од овој здрав зеленчук, можат да се неутрализираат негативните последици врз крвните садови од масната храна.

Исто така, откриено е дека антиоксидантот ликопен, кој го подобрува здравјето, повеќе се наоѓа во зготвениот доматен сос, отколку во суровиот.

Кликнете овде за да прочитате традиционален рецепт за подготовка на домашен доматен сос.