Цвеклото е добро познат лек за слабокрвност, детоксикација на организмот, подигнување на имунитетот.
Но, оваа супер намирница е многу популарна кај спортистите затоа што ја зголемува издржливоста кај вежбањето и има својство на природен допинг.
За со леснотија да ги совладаат физичките напори на тренинзите или да истрчате круг околу игралиште без да останете без воздух во белите дробови, доволно е на телото да му го „подарите“ овој моќен сок од намирницата која во голем стил се враќа на сцената на најздравите.
Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста кај вежбањето и кај зголемените телесни напори и тоа благодарение на нитратите.
Ова го потврди и истражувањето во Велика Британија спроведено на млади здрави испитаници кои секојдневно конзумирале сок од свежо цедено цвекло и го издржалетренерот временски за 16% подолго од останатите групи.
Состојки за напиток од цвекло:
– 1кг. цвекло
– Една голема лажица мед
– Сок од еден лимон
Подготовка:
1. Излупете го цвеклото и ситно изрендајте го во сад, додајте мед и сок од лимон кои ќе го омекнат и ќе го неутрализираат нејзиниот земјен вкус.
2. Смесата оставете ја да отстои три часа и потоа изгмечете ја убаво низ сито за да од цвеклото излезе сокот, но и што повеќе влакна.
3. Свежиот сок испијте го наутро на празен стомак.