Home СОВЕТИ Чајот чисти теписи, гланца дрво, омекнува месо… итн итн

Чајот чисти теписи, гланца дрво, омекнува месо… итн итн

2194
G Natural

Веќе е познато дека чајот е здрав напиток. Но чаевите се користат и за многу други работи. Чистење на теписи, гланцање паркет, итн.

Исчистете лесно огледала и прозорци: 

Исчистете ги  масните дамки и отисоците од прсти врз сите стаклени површини. Во едно пластично шише со распрскувач наполнете чај, испрскајте го стаклото и пребришете.

Гланцање на паркет:

Премачкајте ги со ладен чај, оставете да се исуши – паркетот ќе свети. Истото важи и за сјај на дрвениот мебел.

Коприва

Чиси теписи:

ако на теписите имате дамки, чајот е спас. Врз дамката ставете сув и веќе искористен лист од зелен чај и оставете го 10 минути, потоа поминете со влажна крпа.

Омекнување на месо:

Ако месото е жилаво, маринирајте го со црн чај за месото да омекне.

Полејте ги цвеќињата со чај:

Наместо вода, понекогаш ставете чај во собните растенија. Минералите во чајот ги ревитализираат цвеќињата.

Изгореници:

За да ги ублажите изгорениците, нанесете наквасени ќесички чај врз болните места.

Освежете ги уморните очи:

Памук или завој натопете во чај или користете ги ќесички чај, ставете ги на очите. Освен што ќе ве релаксира и ќе го освежи изгледот на вашите уморни очи.

Ако имате сува коса: Нанесете изладен чај по миењето. Оставете 10 минути, и исплакнете ја косата. Ќе и го поврати сјајот и ќе и даде живост.

Хидратација на сувата кожа:

облоги од зелен чај еднаш во месецот се доволни за комплетна хидратација на кожата.

Го ублажува воспалението на акните:

секоја вечер пред спиење мијте се со изладен зелен чај.

Зелен чај