Home ГОТВАЧ Идеја- како свежи да ги зачувате зачините во зима

Идеја- како свежи да ги зачувате зачините во зима

2037
G Natural

Нема подобро од свежи зачини. Не е исто кога се употребуваат сушени и свежи билки. Но како да се сочуваат свежи билки во зима. Еве една интересна идеја.

1. билките можете да ги исецкате ситно или пак целите да ги ставите. На оваа фотографија билките се исецкани.
2. Ставете ги во сад за правење коцки мраз (собира околу 2/3 билки).
3. Можете и да мешате билки (жалфија, мајчина душица, рузмарин…).
4. Откако ќе ги наполните билките врз нив ставете маслиново масло или несолен растопен путер.
5. Покријте ги со пластична фолија и замрзнете.
6. Извадете ги замрзнатите коцки, спакувајте ги во кесички и вратите во замрзнувач.
7. Користете ги во тек на зимата по потреба.
Зачини