Home СОВЕТИ Што да јадете кога температурите се во минус

Што да јадете кога температурите се во минус

1426
G Natural

Пред нас е е ладен период. Секој од нас ќе се обиде да се загре најдобро што може, а добро е да се знае дека постојат намирници кои помагаат да се задржи телесната температура.

Тоа се сезонските билки – зимското овошје и зеленчук.

Во зима најкорисно е да се јаде зимски зеленчук кој содржи доста витамини.

Најдобрата помош за телото за одржување на телесната топлина може да биде коренестиот зеленчук. Тоа се сите оние билки кои не созреваат брзо, туку им е потребно одредено време.

На нивниот раст не му пречи ниту ветерот, ниту мразот, напротив им годи ладното зимско време, а деловите кои се јадат се под површината на земјата. Ситно сецкан и сварен, коренестиот зеленчук може да се користи и како темел за лесна чорба.

Исто така, ова е период од годината кога е можно да чувствувате поголема потреба за конзумирање месо и месни производи. И месото содржи елементи кои му помагаат на телото да ја одржуваат топлината.

Ако сте љубител на салатите, наместо вообичаената зелена салата пробајте салата која содржи коренест зеленчук, грав или влакнести билки. Во салатата може да додадете и малку месо.

Луѓето кои живеат во ладните подрачја би требало во најладните месеци потполно да ја исфрлат зелената салата од своето мени. Во нашите услови со умерено ладни зими, може слободно од време на време да се конзумира, на пример, мешана салата со пилешко.

Ако сте љубител на риба, можете да ја подготвите на својот омилен начин и да се сервира како прилог: обарени коренести билки и зимски зеленчук, или компир наместо вообичаениот ориз.

Ви прелагаме некои од најздравите намирници за есенската и зимска сезона кои ќе ве загреат и ќе ви помогнат да останете активни и во добра форма: морков, цвекло, ротквици, компири, кељ, грав, зелка.