Home ГОТВАЧ бабини рецепти Руска салата- туршија без конзерванс и винобран (видео)

Руска салата- туршија без конзерванс и винобран (видео)

789
ХитКујна канал

Во видеото подолу, ви ја прикажуваме постапката за подготовка на руска салата – здрава туршија без конзерванс и винобран.

Состојки:

8кг. зеленчук по ваш избор (корнишони, зелен домат, карфиол, морков, чичока)
300гр. шеќер
250гр. сол
2 пакетчиња бибер во зрно
500мл. зејтин
750мл бел оцет

Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот, а потоа исечкајте го на парчиња.

Додадете ги погоренаведените состојки и добро промешајте.

Салатата оставете ја да отстои 24 часа и повремено промешувајте.

Потоа ставете ја во тегли.