Home ГОТВАЧ гезме Рецепт за турско ќофте

Рецепт за турско ќофте

10602
G Natural

Состојки:

  • 500 гр мелено јунешко месо
  • 2 парчиња бајат леб, без корки потопен во малку вода
  • 1 главица кромид, изрендан
  • 1 лажичка сушено нане
  • 1 лажица свеж магдонос, ситно исечкан
  • 1 главица лук, ситно исечкана
  • 1 јајце
  • сол и бибер
  • брашно
  • масло ја пржење

 

Подготовка:

Истискајте ја водата од лебот. Во сад ставете ги сите состојки: месото, лебот, кромидот, јајцето, лукот, нането и магдоносот. Зачинете со сол и бибер. Обликувајте ќофтиња во форма на топче.
Обликуваните ќофтиња извалкајте ги во брашно. Во тенџере за пржење ставете поголема количина масло. Загрејте го на средна температура. Кога маслото ќе биде добро загреано, ставете ги ќофтињата да се пржат. Ќофтињата пржете ги од максумум 10 минути со повремено вртење од сите страни.

Добар апетит!

Турско ќофте