Home ГОТВАЧ главни јадења Разбудете ги сетилата – Пикантно пилешко

Разбудете ги сетилата – Пикантно пилешко

3566
G Natural

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 3 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 пиперки
  • 3 домати
  • 400 гр печурки
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • сол и бибер
  • магдонос
  • 300 гр варен компир
  • чили
  • кари

Подготовка:

Кромидот исецкајте го на кругови, а белото месо на коцки. Загрејте го маслиновото масло и пропржете ги заедно. Пиперката исецкајте ја на кругови, ставете ја во тавата.

По 10 минути додадете го доматот сецкан на коцки. Додадете ги и ситно исецканите печурки. На крај додајте го лукот и зачинете по потреба.
Послужете го со варен компир.

Пикантно пилешко