Home ГОТВАЧ Пробајте нешто ново: Вкусна шпанска салата со печен компир

Пробајте нешто ново: Вкусна шпанска салата со печен компир

7723
G Natural

Пробајте да направите нешто ново денеска.

Ви пренесуваме интересен и едноставен рецепт како да сервирате печен компир.

Погледнете што ви е потребно од состојки.

Состојки:

  • ½ кг. ситен компир
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 ¼ лажица сол
  • ½ лажица црн бибер
  • 4 чешниња ситно исецкан лук
  • 4 лажици мајонез
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица сенф

Упатсво за подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исечете го на половинки или четвртинки. Додајте две лажици маслиново масло, ¾ лажица сол и бибер. Промешајте и ставете го компирот во тепсија обложена со хартија за печење.

Печете го компирот 40 минити, превртувајте во текот на печењето додека компирот не собие златно-кафена боја. Извадете го од рерната и оставете малку да се олади.

Во една чинија ставете ½ лажица сол, 1 лажица маслиново масло, ситно исечкан лик, лимонов сок и сенф. Смесата прелијте ја преку компирот.

Добар апетит!