Home СОВЕТИ Природни препарати за лузни, стрии и изгореници

Природни препарати за лузни, стрии и изгореници

3024
G Natural

Масло од витаминот Е

Делува како антиоксиданс и го спречува формирањето на слободните радикали на кожата и ја штити од оштетување и стареење. Делотворно е кај изгореници, лузни и стрии.

Маслото нанесете го на оштетените делови од кожата и оставете го да упие. Наместо масло, можете да користите и витамин Е во капсули.

Кокосово масло

Ова масло има антибактеријско дејство, ја смирува надразнетата кожа, ја обновува и ја штити од слободните радикали, па делува и превентивно против стрии.

Со кокосово масло неколку пати во текот на денот мачкајте ги оштетените делови на кожата.

Домашен парфем

Сок од моркови

Морковите изобилуваат со витамин А, кој ги исцелува лузните, витами Ц кој ја негува и храни кожата, и бета каротен кој ја штити кожата и дава свежина.

Во сок од моркови ставете лажиче морска сол и нежно масирајте ја лузната. Оставете да се исуши па измијте со млака вода.

Алое Вера

Моќна билка која продира и во најдлабоките слоеви на ткивото, го забрзува исцелувањето на раните, изгорениците, го стимулира создавањето на новите келии на кожата, ја смирува и ја хидрира.

Земете еден лист од Алое Вера и со сокот од листот намачкајте ги лузните. Оставете да се исуши, без миење.

Алое Вера

Масло од лешник

Ова масло ја хидрира, обновува и ја храни кожата. Освен тоа, ги ублажува стриите, црвенилото и испуканите капилари на кожата. Брзо продира во кожата, ја тонира и ја затегнува и натој начин ја одржува нејзината еластичност и чврстина.

Секој ден со маслото намачкајте ги оштетените места на кожата.

Чудотворен пијалок